ОДБЕЛЕЖАН ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Св.„ТРИФУН“

ОДБЕЛЕЖАН ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Св.„ТРИФУН“

Со симболичното закројување на виновите лози, денеска на плоштадот во Кавадарци беше одбележан големиот православен христијански празник Свети „Трифун“, заштитникот на лозарите, овоштарите и градинарите.

Пред присутните граѓани и високите гости од владата и дипломатскиот кор, предводени од премиерот Оливер Спасовски, на плоштадот први зокроија градоначалникот Митко Јанчев и министерот за земјоделие Трајан Димковски. Кројачките ножици во раката ги почуствува и амбасадорката на САД во нашата земја Кејт Мари Брнз, како и неколкуте други гости од допломатскиот кор кои исто така закроиа прачки од виновите лози.

Претходно свештеници од кавадаречкото намесништво на МПЦ-ОА одржаа богослужба во чест на Свети „Трифун“.

Во продолжение на посетата домаќинот Јанчев и високите гости  направија обиколка на десеттината штандови на локални вино производители кој ги претставија нивните  производи од грозје, како и штандот на кавадаречките жени пензионерки кои се претставија со кулинарски производи типични за кавадаречкото поднебје.