Ангажираната фирма „Градба промет“ денеска продолжи со асфалтирањето на сообраќајно-комуналниот проект-Кружен тек кај ВВ „Тиквеш“. Се работеше на поставувањето на финиот (втор слој) асфалт на „Западен булевар“ на делот од коловозната лента од страната на Винарската визба „Тиквеш“.
Општината информира дека утре 22 август 2019 година, оваа страна од улицата „Западен булевар“ ќе биде ставена во сообраќај. Оперативата се префрла на коловозната лента од страната на старата бензинска на „Мак петрол“.
Се известуваат возачите дека од утре во наредните денови коловозната лента од страната на старата бензинска на „Мак петрол“ нема да биде во функција до завршување на асфалтирањето на кружниот тек.
Општината апелира до сите учесници во сообраќајот за време на асфалтирањето на кружниот тек да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај.