Општината Кавадарци преку ангажираната оператива, започна со реализација на проектот за изградба на „Скејт парк“. На површина од 770 квадратни метри, планирано е да се изгради бетонско плато со финална обработка до мазен сјај, за рекреација и забава на младите „скејтери“.
Со проектот се предвидува изградба заштитна ограда, како и поставување на 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).
Од реквизитите кавадаречкиот скејт парк ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile), како и пропратна опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.
Се преедвидува и осветлување со рефлектори за користење на скејт паркот и во вечерни часови.