Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури. Денеска Јавното преторијатие „Комуналец“ и надлежните од општината за прв пат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт две кавадаречки сообраќајници. Сол беше расфрлана на Обиколницата „Северен булевар“ како и на новиот дел од „Западен булевар“.
Иако ова е метод кој се користи во зима, против подмрзнување на асфалтот, се покажал и како ефикасен за разладување и намалување на температурата на врелиот асфалт. Технологијата се базира на принципот според кој солта ја одзема влагата од воздухот и ја привлекува кон асфалтираните површини, а со тоа се разладуваат патиштата и се спречува пукање на асфалтот и создавање нерамнини.
Градоначалникот Јанчев вели: „Очекувам дека европските искуства во овој домен успешно ќе се применат и кај нас. Општината на овој начин ќе ги сочува градските улици од оштетување, и со тоа ќе заштеди средства за евентуални санирање. Истите би се пренамениле за други проекти од сообраќајоти инфраструктурата“.