Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев во присуство на претставници од Хокеарската федерација на Макеодонија, педагози по физичко образование, како и ученици од Кавадарци, го предаде во функција лизгалиштето кое се наоѓа во комплексот на спортскиот центар „Јасмин“. Лизгалиштето е со двојна намена, претпладне ќе работи како центар за настава по физичко за учениците од општината, а попладне на комерцијална основа за сите кои после настава сакаат да се рекреираат. Ќе се изнајмуваат лизгалки, а билетот ќе чини 100 денари.
Јанчев во обраќањето пред присутните истакна: „Идеата е моја како градоначалник и на општина Кавцадарци. Во соработка со „Кожувчанка“ и „Црна река Петрол“. Општина Кавадарци преку Сојузот на училишни спортови преку училипштата организира бесплатно лизгање во зимскиите месеци. Учениците ќе имаат часови по лизгање. Ќе можат децата да се релаксираат. Еуфоријата денеска е на високо ниво. Задоволство ми е што Кавадарци доби лизгалиште и што можеме да се рамниме со поголемите градови“ рече градоначалникот Митко Јанчев.
Лизгалиштето ќе послужи и за регрутирање млади таленти во хокеј. „Ние имаме план да праќаме тренер секоја недела. Ова е еден одличен проект кој ќе придонесе за хокејот во Македонија да дојде до сосема солидно ниво. Се планираат лизгалишта во Битола и Охрид“ изјави претставникот од Хокејарската федерација на Македонија.
Задоволство од отворањето на овој спортско рекреативен објект искажаа и наставниците по физичко и здравствено воспитување од кавадарци.
Лизгалиштето ќе работи секој ден во текот на зимската сезона.