Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев во придружба на претседателот на советото Ристо Сакалиев официјално го предаде во употреба Информативно туристичкото биро на улица „7 Септември“, кое се наоѓа на плоштадот веднаш до бистата на Никола Бадев.
Од денеска и официјално сите гости на Кавадарци имаат место каде можат да ги добијат потребните информации за пријатен претстој во градот на грозјето и виното. Општината го отвори ова биро со цел туристите полесно да дојдат до информации како да ги запознаат сите богатства и убавини кои ги имаат градот и Тиквешијата.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој официјално денеска го пушти во работа туристичко-информативното биро нагласи: „Промовирање на винскиот туризам и на другите природни убавини на Општината и регионот е целта на ова туристичко информативно биро. Имаме програма по која ќе работи бирото. Настојуваме да привлекуваме туристи на дневна основа. И еден турист дневно е добро“ вели градоначалникот Јанчев.
Ќе имаме евиденција и ќе правиме план и програма да привлечеме туристи во Кавадаречка Општина. Производството на грозје и вино ќе ни биде таргет, но овде се и природните убавини на: Моклиште Витачево, Тиквешко езеро, старите цркви кои привлекуваат внимание“ додаде Јанчев при предавањето во работа на Туристичко информативното биро.
Крсте Соколов, вработен во бирото е задолжен да ги споделува сите потребни информации со туристите. Тој во изјавата за медиумите рече дека ќе се работи и на интензивно привлекување на туристи во Кавадарци и Тиквешијата. Имаме програма, според која сите кои ке дојдат ке имаат можност да ги видат убавините на регионот„ вели Соколов.
Соколов информира дека денеска во Кавадарци пристигнале и првите официјално регистрирани туристи во бирото. Рече дека станува збор за луѓе од Австрија кои на изложбата на олд тајмери во рамки на гроздоберот ќе презентираат уникатен модел на автомобил БМВ.
Инаку Општната го rеши имотното и просторното парашaње на канцеларијата која се наоѓа во строгиот центар на градот на улицата„ 7 Септември“, а уредувањето на самата канцеларија е донација на „Дан-пласт“-Кавадарци.