Отпочнати градежните работи на објектот чија намена е Вински салон

Отпочнати градежните работи на објектот чија намена е Вински салон

Градежните работи на објектот чија намена е Вински салон, се одвиваат непречено. Објектот се очекува да биде ставен во функција на 7ми септември. Новиот Вински салон за промоција на малите семејни винарии ќе претставува место каде што секој љубител на вино ќе може да ужива.

Општина Кавадарци во соработка со Здружение на семејни винарии го адаптира просторот за промоција на малите винарии со изложбен простор и промоција, како и дел за енолозите кои стручно ќе презентираат. Со реализацијата на овој проект Општина Кавадарци ќе добие Вински салон по највисоките стандарди а пред се добра презентација на малите семејни винарии. Финансиската вредност на овој проект е 720 000 денари.