Улицата „Ќиро Каракулев“ ги добива своите контури. Ангажираната оператива на фирмата „Павер Трејд“ ги постави рабницита долж делницата предвидена за градба на потегот од спојот со регионалната улица „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник,па до последниот станбен објект.
Изградбата на оваа улица е на задоволство на жителите од тој дел на Кавадарци на чие барање сегашното раководсво наопштината конечно го реши нивниот деценииски проблем. Проектот предвиде изградба на урбанизирана улица со оптимални димензии согласно теренот која на граѓаните ќе им овозможи непречен пристап и движење до нивните домови.