Ангажираната оператива на фирмата „Пирамид билдинг“ од Скопје започна со реализација на проектот за партерно уредување на дел од „Паркот на револуцијата“.
Проектот во оваа фаза опфаќа санирање на пристапните скали од улицата „7 Септември“, како и поплочување на патеката од скалите до спојот со улицата „Борис Кидрич“.
Целокупната површина се уредува со бехатон коцки, за кои најпрвин се поставија рабници како и тампон.
Со овој проект општината ќе санира значен дел од пристапот и патеките до најниското плато на паркот, каде значаен број граќани минуваат дел од веремто во одмор и рекреација.