ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ПРЕД САЛАТА „ПАРТИЗАН“

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ПРЕД САЛАТА „ПАРТИЗАН“

 

 

Проектот за реконструкција на салата „Партизан“ влегува во завршна фаза. Оперативата на фирмата „Градба промет“ ги изведува завршните работи на сегментот полпчување  пред салата.

Согласно проектот поставени се бекатон коцки на просторот каде беа отстранети диво поставените гаражи, а тој простор со патека се спои со паркингот пред старата забна амбуланта. Вкупната површина на партерното уредување пред салата „Партизан“ изнесува 400 м2.

Обновени се патеките од источната страна на салата, а на тротоарот со улицата „Методи Џунов-Џико“ се вградиа и метални столбчиња. Паралелно со партерното уредување се работи и внатре во салата, каде започна поставувањето на паркет на теренот за спортување.

Во наредната фаза ќе следи и обновување на фасадата од јужната страна на објектот.