РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP2)
Проект за подобрување на општинските услуги
MSIP2-NCB-004 -18
- Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
- Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Вториот Проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за Реконструкција на коловоз на улици и булевари во населено место Кавадарци.
- Општина Каваарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција на осум улици и еден булевар во општина Кавадарци и тоа улиците Цано Поп Ристов, Пано Мударов, Мито Хаџи Василев-Јасмин, 7-ми Септември, Страшо Пинџур, Едвард Кардељ, Моша Пијаде, Цветан Димов и Северен Булевар. Вкупната должина на улиците вклучително и булеварот кои се предмет на овој договор за под-заем изнесува 4945 метри, со поединечна должина која варира од 350м до 845м.
- Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
- Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:
Адреса: Пл.Маршал Тито 2
Град: Кавадарци
Поштенски број: 1430
Држава: Република Македонија
Телефон: 043/416130
Електронска адреса: opshtina@kavadarci.gov.mk
- За плаќање во денари: 2000 ден.
Банка: Народна банка на Република Македонија
Број на сметка: 100000000063095
Буџетска корисничка сметка: 732014036363019
Приходно конто: 72593900
- Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Кавадарци.
- Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 30.11.2018, 12:00ч. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:15ч, 30.11.2018.
- Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 2,500,000.00 МКД.
- Адреса:Пл.Маршал Тито 2
Град: Кавадарци
Поштенски број: 1430
Архива
Држава: Република Македонија