ПОВТОРНА Јавна Презентација и Јавна Анкета  По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град

ПОВТОРНА Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, глава IV, точка 22, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци

 

Граници на планскиот опфат се :

–  на север границата се движи во источен правец долж осовината на сервисната улица Бул. „Кочо Рацин“,при тоа истата представува граница на урбана единица 6, како што е

планирана со Измена и дополнување на ГУП на Град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ, 2016 – 2026, сѐ до почетната точка 2.

–  на исток границата започнува од точка 2 и се движи во јужен правец долж осовината на улица  „Орце  Николов“,  при  тоа  сечејќи  ги  КП 16473/1  и  КП 16453,  се  до најисточната точка 1;

–  на југ границата  се  движи  во  западен  правец  при  што  поминува  низ  оска  на  улицата „Охридска“, се до најјужната точка 7;

–  на  запад  границата  се  движи  долж  осовината  на  сервисната  улица „Илинденска“.

Површината на планскиот опфат изнесува 1,47 ха.