Општина Кавадарци реализираше уште еден проект по пат на донација од општествено договорните компании.
Денеска во функција беше предадена нова линија од јавното улично осветлување. Општината постави 7 нови столбови со штедливи ЛЕД светилки и пластични кугли на тротоарот пред зградите лепотици.
Столбовите ги обезбеди општината, а се работи за ниските столбови носачи кои беа извдени од старите семафори и адаптирани за канделабриза улично осветлување. Материјалот и монтажата се донација на компанијата „Кожувчанка“ и на специјализираната електромонтерска фирма „Ел-БОХ“ од Кавадарци.
Новите столбови поставени пред влезовите во зградите „Лепотици“ како надградба, во многу ќе го подобрат постојното јавно улично осветлување.