ПОДОБРУВАЊЕТО НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

ПОДОБРУВАЊЕТО НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Општината Кавадарци деновиве привршува со реализацијата на проектот за подобрување на постојната мрежа од Јавното улично осветлување во градот. Досега се реализирани над 90% од предвидените работи. Проектот има за цел да го подигне нивото на осветлување на улиците, и да заштеди на потрошувачката на еелектрична енергија. 

Ангажираната оператива за одржување на Јавното улично осветлување во изминатите шеесет дена работеше на замена на старите ЛЕД ламби со нови ЛЕД ламби, како и на монтажа на високоефикасни ЛЕД ламби со јачина од 19 W  .  

Проектот опфати 30 улици со 41 локација, каде досега се изврши замена на вкупно 300 светилки. Со ова се создадат услови за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часовои.

Паралелно со овие активности се одвиваше и тековното одржување на мрежата од јавното улично осветлување во градот и селата.

Во општината во тек е тендерска постапка за подобрување на уличното осветлување во градот и населбита околу Тиквешкото езеро за изградба на нови линии во мрежата.