Локална самоуправа – Кавадарци во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на Форуми во заедницата и Ве поканува да бидете дел од нив.
Во покануваме да присуствувате на форумот на заедница каде Вие со ваште идеи и потреби одлучувате како ќе ја изградите вашата иднина. Ова се проектни форуми за кои е обезбеден фонд од 50.000 CHF, а ќе се финансира најмалку еден, а најмногу три проекти. Проектите кои ќе ги подготвуваат граѓаните ќе бидат за интервенција во областа на Социјалната инклузија.
Првата форумска сесија ќе се одржи на 19.06.2019 година во салата на општина Кавадарци со почеток во 13.00 часот.
Со почит,
Градоначалник Претседател на Совет
на Општина Кавадарци на Општина Кавадарци
Митко Јанчев Ристо Сакалиев