Општина Кавадарци во рамките на Програмата за комунална изградба реализираше уште еден проект. Градежната оператива на фирмата „РМК градба“ од Скопје, изврши поплочување на крак од улицата „Клинска“ над „Калнички дол“ со што жителите од овој дел на градот добиа уредена комуникација без прашина и кал.
Општината овде интервенираше со поставување на бехатон коцки, а претходно се изврши нивелирање и тампонирање.
Проектот се реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.