ПОПЛОЧУВАЊЕ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“

Изградбата на велосипедско-пешачката патека Ваташа-„Моклишка воденица“ се одвива според планот. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива деновиве работи на неколку позиции.

Денеска се посатвуваа рабници за оформување на контурата на една од вкупно петте попатни станици-одморалишта. Друга екипа посатвуваше павер елементи на самата патека.

Градежни работи се изведуваа и на делот од патеката покрај „Брана Моклиште“ каде се санираше делот на рабниците и се поставуваа нови.

Рекреативната патека лоцирана непосредно до двата брега од реката Луда Мара е со широчина од 4 метри покриена со бехатон коцки. Ќе се постават 4 метални мостови со широчина од 2 метри.

Досега покрај патеката е поставена подземна линија на нисконапонскиот кабел за јавното улично осветлување. Патеката ќе биде осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри.

Попатните станици-одморалишта ќе бидат оплеменети со урбана опрема, табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди. Од безбедносни причини долж трасата ќе се постават и камери за видео надзор.

Инвеститори на овој капитале проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.