ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА ДЕЛ  ОД УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Градежната оператива на ангажираната фирма „КОП Инжинеринг“ од Скопје денесак започна со поплочување на дел од тротоарот на улицата „Западен Булевар“.
Според проектот на Општина Кавадарци градежмите работи се спроведуваат на делницата од паркингот кај „Градската капела“ до паркингот на ВВ „Тиквеш“.
На вкупна површина од 650 квадратни метри се поставуваат бехатон коцки, а наспојот со тревникот се поставија и мали рабници.
Со реализацијата на овој проект општината заокружува урбанизација на дел од „Западен булевар“ каде се изгради и најголемиот и според сите стандарди најдобро уреден кружен тек во градот кај Винарската визба „Тиквеш“.