Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци започна со реализација на комунален проект за поплочување на улицата „Перо Видев“ во Ваташа.
Ова е втора фаза од реконструкцијата на оваа улица, на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со улицата „Данко Дафков“.
Денеска на таа делница се поставуваше тампон, по што ќе уследи поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.
Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа.