Општина Кавадарци продолжува со реализација на проекти од безбедноста во сообраќајот. Надлежните служби деновиве поставиа 70 безбедносни столбови на повеќе локации низ градските улици.
Се работи за дополнително вертикално одбележување на безбедносните триаголници од хоризонтралната патна сигнализација. Столбовите дополнително го означуваат просторот пред пешачките, премини и автобуските постојки.
Намерата на Општината е прку овој проект да допринесе кон дополнителна поголема безбедност на градските улици, со тоа што ќе го спречи непрописното паркирање на возилата во безбедносната зона на пешачките премини и пред автобуските постојки. Тоа во многу ќе ја подобрат видливоста на пешаците и прегледноста на возачите.
Поставувањето на овие вертикални безбедносни сообраќајни знаци ќе продолжи и во наредниот период.