Општина Кавадарци успешно реализираше уште едно барање на граѓаните. Денеска екипа на ЈП „Комуналец“ од РЕ „Водовод и канализација“ го стави во функција приклучокот на водоводната линија преку кој после многу долго време протече здрава вода за пиење од старата селска чешма во Марена. Општината со овој проект ја „оживеа“ чешма историски паметник за чиа старост нема официјални податоци, но постарите жители од Марена ја знаат како чешма од памтивек. За староста на чешмата сведочат и двете антички мермерни стели од локацијата на античката населба „Градиште“-Глишчки рид, вградени во архитектурата на чешмата.
Проектот се реализираше на барање на жителите од селото. Во наредниот период општината ќе инвестира и во новото партерно и хортикултурно уредување на чешмата.