Во Општина Кавадарци беа потпишани и доделени 17 договори за времено ангажирање на навработени лица преку проектот „Креирање можности за работа за сите”, Програма „Општинско-корисна работа 2019 “.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на 14 негувател/ки на стари лица во домашни услови во период од 6 месеци и 3 лични асистенти во училиштата за учениците од општинските училишта кои имаат телесен или ментален инвалидитет и наидуваат на проблеми во наставно- воспитниот процес во период од 9 месеци..
Ангажираните невработени лица вклучени во Програмата ќе бидат ангажирани за 20 (дваесет) работи часови неделно. Ќе бидат исплатени со паричен надоместок за работно ангажирање во бруто износ од 9.000 денари месечно, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Општината во вкупното финансирање учествува со 20%, додека УНДП со 80% во месечниот надоместок.
Програмата Општинско-корисна работа има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Програмата, исто така има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната и здравствената сфера да помогне на лица кои живеат на територијата на локалната самоуправа.
Проектот се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, УНДП и Општина Кавадарци.