ПОТПОРЕН ЅИД НА ВЛЕЗОТ ВО с.БЕГНИШТЕ

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма на изведувачот „Мартин премиум билдинг“ од Скопје во селото Бегниште реализира проект од комуналната изградба.

Во правец на подобрување на стабилноста на тлото како и на безбедноста во сообраќајот се гради армирано-бетонски потпорен ѕид.

Денеска се вршеше шалување на објектот. Ѕидот е со должина од 17м. и висина од 3 метри. Лоциране на самата кривина на влезот во селото од правецот на село Ресава.

Во последната фаза од градбата ќе се изврши поплочување со што ќе се прошири коловозната површина на пристапниот пат.

Проектот за изградба на потпорниот ѕид е на барање на жителите од селото Бегниште.