Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ реализира проект за изградба на армирано-бетонски ѕид за стабилизација на земјиштето на дел од улицата „Ќиро Арсов“ во Ваташа.
Според проектот се гради потпорен ѕид во должина од 12 метри, на споредна улица околу која гравитираат повеќе индивидуални станбени објекти. Со неговата изградба општината ќе создаде услови за по безбедна комуникација и отстранување на евентуална опасност.
Ѕидот се гради на барање на жителите од овој дел на Ваташа, а е во склоп на програмата за комунална изградба.