ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА УЛИЦИТЕ „ЛИЧКА“ И „МЛАДОСТ“

ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА УЛИЦИТЕ „ЛИЧКА“ И „МЛАДОСТ“

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на изградба на два нови потпорни ѕидови како дел од програмата за комунална изградба на општината. Според проектот на деновиве се вршат градежни работи на улиците „Личка“ и „Младост“.

Потпорниот ѕид на улицата „Личка“ е во завршна фаза. Таму денеска се изведуваа последните работи со кои ќе се оформи коловозна површина на улицата до ѕидот.

На втората локација на улицата „Младост“ во населбата Глишиќ се вршеше шалување и се оформуваа контурите на идниот бетонски потпорен ѕид. Општината за оваа намена од буџетото инвестира 562.000 денари.

Проектот за потпорни ѕидови е на барање на жителите од овие две улици.