Општина Кавадарци во екот на градежната сезона преку ангажираната оператива го реализира проектот за реконструкција и проширување на улицата „Тиквешко востание“. Се работи интензивно на трансформирањето на „првиот триаголник“ во кружен тек, а во склоп на проширувањето на улицата на таа локација се поставуваат и нови рабници. Во тек се и завршните работи на поплочување на тротоарот од спојот со плоштадот кај општината до спојот со улицата „Миле В‘чков“.
Финансиската конструкција е обезбедена преку грант за успешност од Светска Банка.