Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев, денеска во неговиот кабинет оствари средба со делегацијата од збратимената општина Ковин од република Србија.
Гостите од Ковин престојуваат во Кавадарци како дел од првиот фестивал на традиционална музика „СРМА“ во организација на ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ Кавадарци и Домот на културата од збратимената српска општина.
На фестивалот ќе земат учество деца од Кавадарци и Ковин. Пред публиката во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ тие вечерва ќе се претстават со тадиционална музика карактеристична за двата краја.
Фестивалот ќе се одржи на 19.11.2019г (вторник) со почеток во 19:00 часот.