Претставување на планот за управување со животна средина по проектот Интегрирана порограма за развој на туризмот во Општина Кавадарци

Претставување на планот за управување со животна средина по проектот Интегрирана порограма за развој на туризмот во Општина Кавадарци

Почитувани,

Општина Кавадарци во наредниот период ќе го имплементриа проектот Интегрирана порограма за  развој на туризмот во Општина Кавадарци, кој што е финансиран од Европската Унија и сопствено учество од Општина Кавадарци.

За таа цел ги покануваме сите заинтересирани граѓани, претставници на граѓански организации, приватниот сектор и други јавни институции, да присуствуват на јавната расправа која што ќе се одржи на ден Среда (19.02.2020 година), во просториите на општина Кавадарци – Голема сала со почеток во 12 часот.

На јавната расправа ќе бидат презентирани сите цели, активности и резултати предвидени по проектот, како и планот за управување со животната средина.