Градежните работи на улицата „Ќиро Каракулев“ влегуваат во завршна фаза. Оперативата на ангажираната фирма „Павер трејд“ работи на поставување на бехатон плочките како завршна фаза од реализацијата на проектот.
После низа децении Општината со овој проект изврши урбанизирање и хуманизирање на просторот за граѓаните од овој дел на Кавадарци кои конечно ќе имаат подобри услови за комуникација.
На оваа локација општината претходно отстрани стар куќа подложна на паѓање, со што се прошири коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, а се отвори и простор за ревитализација на улицата „Киро Каракулев“