„Приказни од Будимпешта”, изложба на уметнички фотографии во Кавадарци

„Приказни од Будимпешта”, изложба на уметнички фотографии во Кавадарци

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев синоќа оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија во анашата земја Неговата екселенција  Ласло Дукс. Посетата беше дел од културен настан во Градската  галерија каде беше отворена изложбата на уметнички фотографии „Приказни од Будимпешта”.

Градоначалник Митко Јанчев, ги поздрави присутните притоа изразувајќи задоволство од соработката на општината со унгарската амбасада која е потврдена и  докажана во повече наврати.

Во обрачањето пред присутните Амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Дукс изрази големо задоволство што е во Кавадарци.  Притоа истакна:  „Повеќе причини има за оваа низа на настани. Дваесет и пет години од воспоставувањето на дипломатски односи, дваесет години од нашата амбасада во Скопје, дваесет години сме членка на НАТО и петнаесет години на Европската Унија. Односите помеѓу амбасадата и општината се многу добри и имавме низа заеднички културни настани, рече амбасадорот, изразувајќи благодарност до градоначалникот, директорот, Дирекцијата за уметност на град Скопје, која помагаше во организацијата на настанот“.

Директорот на Домот на културата, Александар Малинков истакна: „Ова е дел од еден поширок проект кој опфаќа области од културата и уметноста. Се должи на претходните добри искуства и долгогодишна соработка“, рече Малинков.

Изложбата на уметнички црно-бели фотографии синоќа беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Претставени се двајца унгарски фотографски уметници, Имре Кински и Ото Кајзер. Првиот творел најактивно во триесетите години од минатиот век во Будимпешта, прерано починал како жртва на холокаустот во 1945 година. Вториот, е наш современик.

Во музичкиот дел од настанот Кавадаречкиот професор по музика, Стево Волчев на хармоника се претстави со класичното дело  „Унгарски танц“ од славниот унгарски композитор Бела Барток.