Предлог
Врз основа на член 50 став 1 точка 6 од Законот за Локална самоуправа („Сл.весник на РМ„ бр 5/2002), член 113 став 1 точка 2 од Статутот на општина Кавадарци („Сл.гласник на општина Кавадарци ), Градоначалникот му предлага на Советот на општина Кавадарци на седницата што ќе се одржи на ден ———-2017 година, да донесе
ПРОГРАМА
за oдбележување на годишнини на значајни настани и личности
во општина Кавадарци во 2018 година
* ВОВЕД
Со Програмата за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Кавадарци во 2018 година се определуваат значајните настани и годишнини од посебно значење, со што се сочувува континуитетот во одбележувањето од Rепубличко и локално значење.
- ЦЕЛИ
Основни цели на оваа Програма се:
- Одбележување на годишнини и значајни настани и личности во насока на негување на историското минато,
- Обезбедување активен однос на градот Кавадарци кон задоволувањето на потребите на граѓаните за негување на традициите,
- Зачувување на историската и културната вреднoст на личности и настани , со цел негување на историските и културните вредности на градот.
- АКТИВНОСТИ
Ј а н у а р и
4 јануари 2018 година, 75 години од убиството на Народниот херој Страшо Пинџур, еден од организаторите на македонскиот народ за вооружено востание против фашистичката окупација. Убиен е во Скопскиот областен затвор заедно со Мирче Ацев.
Активности: полагање на свежо цвеќе на бистата на херојот vo Спомен куќата на Страшо Пинџур во s.Vata{a
Носител: Комисијата за одбележување на празници и манифестации /Во понатамошен текст: Комисија/ и Општонски одбор на СБМ Кавадарци/),ОУ „ Страшо Пинџур„ Кавадарци.
Ф е в р у а р и
15 февруари 2018 година , одбележување на 73 години од Февруарскиот поход
Носител: Комисија ,планинарско друство „Орле„ од Кавадарци и Сојуз на борци Кавадарци.
А п р и л
4 април 2018 година – Одбележување на годишнина од загинувањето на Лазо Мицев-Рале .
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија, ООУБЦ„Лазо Мицев – Рале„ Кавадарци
Активности: полагање свежо цвеќе на бистата во ООУБЦ „Лазо Мицев – Рале„ Кавадарци и учество на патрониот празник.
7 април 2018 година 74 годинa од загинувањето на Народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија
Активности:Посета на Споменикот на влезот на Градскиот парк со полагање свежо цвеќе и пригоден говор.
М а ј
1 мај 2018 година
Меѓународен Ден на трудот
4 мај 2018 година 106 години од загинувањето на војводата Пере Тошев и доајенот на македонската борба Гоце Делчев.
Активности: Посета на Споменикот на Дреновската kлисура и учество на патроните празници на училиштата што го носат името на славните војводи во Кавадарци.
Оdдавање почит на делото на Јосип БрозТито, посета и полагање свежо цвеќе на bistata vo krugot na fabrikata ‘Unikom” Kavadarci
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци
6 мај 2018 година 27 година од погинувањето на Сашко Гешовски во Сплит Република Хрватска, прва жртва од распадот на СФРЈ.
Носител: Здружение на Армиски ветерани, Комисија, Општински одбор на СБМ Кавадарци.
Активности: полагање на цвеќе на Споменикот на Сашко Гешовски на Градските гробишта Кавадарци.
9 мај 2018 година 73 години од победата над фашизмот.
Активности: полагање свежо цвеќе на Споменикот на слободата на Градскиот pлоштад, активности на ЕУ Инфо точката при ЛС Кавадарци и ЕУ
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија
12 мај 2018 година 74 години од загинувањето на првоборецот Мара Димова .
Активности: полагање на свежо цвеќе на Споменикот во дворот на претпријатието АЛИЈАНС – Кавадарци.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци ,Комисија
14 мај 2018 година 75 години од формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов„
Активности: Медиумска покриеност на настанот
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци,
15 мај 2018 година 75 година од формирањето на Воениот комитет кој имал задача да прибира и складира оружје и муниција.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци
Активности:Медиумска покриеност на настанот и посета на Музеј-Галеријата Кавадарци.
мај 2018 година 74 години од борбата на Партизанскиот одред на
Македонската Народна Ударна Бригада со бугарскиот окупатор
Активности: Посета и полагање цвеќе на Спoмен чешмата во месноста Раштани.
Носител: Општинскиот одбор на СБМ Кавадарци, Комисија
19 мај 2018 година 75 години од борбите на Партизанскиот одбор „Добри Даскалов„ и загинувањето на првоборците: Миле Вчков,Лазо Стојанов и Цано Поп- Ристов.
Активности:полагање свежо цвеќе и пригоден говор на Споме плоча на патот пред с.Бојанчиште.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија
Ј у н и
07 јуни 2018 година одбележување годишнина од загинувањето на народниот херој БлажоТодоровски –Чичето
Активности: Полагање свежо цвеќе на бистата во Градскиот парк и пригоден говор за неговиот живот и дело и посета на бистата во месноста Никодин- Ножот- полагање на цвеќе.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци,Комисија
10 јуни 2018 година 75 години од загинувањето на првоборецот Димката Ангелов-Габерот,комесар на Третата оперативна зона, Ило Виларов-Сокол, Пано Мударов-Фрањо и Стојан Крстев, кај Клинска леса.
Активности: Полагање свежо цвеќе на бистите на Габерот сместени во училиштата што го носат неговото име и присуство на патроните празници.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија, ООУ„Димката Ангелов Габерот – Кавадарци и OOU”Dimkata Angelov Gaberot”s. Vata{a.
13 јуни 2018 година 75 години од стрелањето на партизани и родољупци на Фаришката клисура.
Активности: Полагање на свежо цвеќе на Спомен–обележјето на патот Кавадарци Прилеп пред село Фариш.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија.
16 јуни 2018 година 75 години од стрелањето на 12- те ваташки младинци, еден од најкрвавите н најѕверски злочини што ги извршија фашистите во Македонија во текот на Втората светска војна.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Музеј галерија ,Комисија, Месна заедница с.Ваташа.
Активности: Полагање на свежо цвеќе на Споменикот на 12- те ваташки маладинци во месноста Моклиште.
19 јуни 2018 година 105 година Тиквешко востание од 1913 година претставува првиот масовен вооружен протест на населението против воено административниот reжим во Тиквешијата по првата Балканска војна.
Ј у л и
01 јули 2018 година 17 години од погинувањето на Блашко Толев ,прва жртва од Тиквешијата во борбата против тероризмот и одбрана на уставниот поредок ,независноста и суверенитетот на Република Македонија.
Носител: Комисија, Здружение на Армиски ветерани Кавадарци
Активности: Полагање на свежо цвеќе на Спомен бистата во с.Марена.
13 јули 2018 година 77 година нод убиството на Диме Поп-Атанасов,прва жртва на борбата со окупаторот.
Активности: Полагање цвеќе на Споменикот во месноста кај с,Долни Дисан.
Носител: Општински одбот на СБМ Кавадарци , Комисија
15 јули 2018 година 124 години од формирањео на Првиот комитет на Македонската револуционерна организација, по Солунскиот. По иницијатива на Даме Груев на 15 јули 1894 година во Кавадарци е формиран првиот Комитет на ТМОРО. Во состав на првиот Комитет биле вклучени: Пане Иванов –учител во Кавадарци ,Иванче Минчев чиновник и учетел, Јоваче Велков-трговец со вино и Јанаќи Ќурчиев – трговец со кожа. Во чест на формирањето на организацијата во Кавадарци во центарот на градот е подигната Спомен плоча на која стојат датата ,годината и имињата на составот на Комитетот
Носител: Комисија
Активности: полагање на свежо цвеќе на Спомен плочата спроти рес.Стар Балкан.
26 јули 2018 година, 27 година од погинувањето на Петар Тодоровски ,како жртва од распадот на СФРЈ.
Носител: Здружение на Армиски ветерани Кавадарци, Комисија
Активности: Полагање на свежо цвеќе на Споменикот на Петар Тодоровски на Градските гробишта Кавадарци.
А в г у с т
2 август 2018 година, 115 години од Илинското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ.
Одбележување на годишнина од смртта на познатиот борец,писател и публицист Мито Хаџи Васлев- Јасмин.
Активности: Учество на манифестациите по тој повод во Крушево и Пелинце.
Полагање на цвеќе на гробот на Мито Хаџивасилев – Јасмин на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија,
25 август 2018 година 74 години од формирањето на Првата Македонска дивизија во село Шешково.
Активности : Одбележување на годишнината во Спомен-собата во с. Шешково.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија.
С е п т е м в р и
7 септември 2018 година, 74 години од ослободувањето на Кавадарци.
Активности: Програма за одбележување 7 Септември Ден на градот
Носитело: Комисија,Општински одбор на СБМ Кавадарци .
8 септември 2018 година
Ден на независноста на Република Македонија
Носител: Комисија
15 септември 2018 година, 27 година од погинувањето на Мишо Митрев –помлад офицер на тогашната ЈНА.
Активности: посета и полагање на свежо цвеќе на Споменикот на Мишо Митрев на Градските гробишта Кавадарци
Носител: Армиски ветерани од Тиквешијата Кавадарци,Комисија
28 септември 2018 година, 74 години на Првиот партизански одред кај месноста Оово –Гумињата и загинувањето на првоборецот Данчо Поп-Атанасов.
Активности: полагање свежо цвеќе и пригоден говор на Сомен-бистата во месноста Ладно Долче -Витачево.
О к т о м в р и
11 октомври 2018 година, 77 година од вооруженото востание над македонскиот народ и Ден на борецот.
Активности : Вклучување на манифестациите на републичко ниво.
23 октомври 2018 година
Ден на Македонска револуционерна борба
Носител: Комисија
Н о е м в р и
8 ноември 2018 година, 74 години од борбите на Смеса.
Активности : посета на Споменикот на Смеса кај Стоби .
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци, Комисија
13 ноември 2018 година 137 години од раѓањето на тиквешкиот околиски војвода Добри Захарија Даскалов.
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци,Комисија ,Гимназија „Добри Даскалов„ Кавадарци
Активности: Приклучување на одбележувањето во Гимназијата „Добри Даскалов„
Д е к е м в р и
20 декември 2018 година 75 години од формирање на Втората македонска ударна бригада, една од најборбените партизански единици во Македонија од формирањето, води повеќе од 70 борби против бугарскиот, германскиот фашистички окупатор и против балистите.
Активности: Полагање цвеќе на Спомен бистата на командантот Диме Туриманџов- Горски во паркот спроти полицијата.
Носител: Општински одбор на СБМ Квадарци,Комисија.
27 декември 2018 година 75 години од загинувањето на првоборците: Киро Спанџов-Брко ,Благоја Јошката- Шумски и други..
Активности: Посета на месноста Коњско, полагање на свежо цвеќе на Спомен бистата во дворот на ОСУЦ „Киро Спанџов- Брко„ Кавадарци
Носител: Општински одбор на СБМ Кавадарци , Комисија, ОСУЦ „Киро Спанџов- Брко„ Кавадарци.
Во 2018 година ќе се одбележат и други значајни дати и обележја кои се значајни за Кавадарци и истите ке бидат одбележани со медиумска покриеност, одржување на трибини и свечени академии со цел граѓаните да бидат запознати со настани поврзани од поблиското и подалечното минато на нашиот град.
- ФИНАНСИРАЊЕ
Активностите утврдени во Програмата , ќе се финансираат од средствата на Буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година.
– Обезбедување на цвеќе и цветни аранжмани 150.000 денари
– Озвучување на манифестации 70.000 денари
– Обезбедување на превоз 120.000 денари
– Признанија ,плакети, награди 50.000 денари
– Угостителски услуги 90.000 денари
– Интервенци и друго 90.000 денари
Вкупно: 570.000 денари
Одредени манифестации и проекти ќе се подржуваат и помагаат преку други форми на активности и тоа: доделување на награди,пригодни подароци и сл, со обезбедување стручна техничка и друга подршка со кадрите и опремата со кои располага општината ,обезбедување услови со просторни и други капацитети и други можности со кои располага општината,организирање на протоколарни и други средби на претставници од општината при одржување на манифестации и реализирање на проекти.
- ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Градоначалникот на Општина Кавадарци и Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија се грижат и го обезбедуваат спроведувањето на оваа Програма.
Програмата влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Општина Кавадарци”.
08-_________ ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
_____2017 година ГРАДОНАЧАЛНИК
К а в а д а р ц и м-р Митко Јанчев