Продолжува изградбата на новиот мост на реката Луда Мара на излезот од Ваташа. Ангажираната оператива на струмичката фирма „Жикол“ деновиве заврши со оформувањето на споредниот пристап од улиците „Ферчо Поп-Ѓорѓиев“ и „Илчо Димов“, на новиот мост од регионална улица „Страшо Пинџур“, со што се оформи ново сообраќајно решение за присташ на околните куќи.
Во истовреме се одвиваат и градежни работи на поставување на рабници на коловозот на потегот од новиот мост до спојот со ул.„Вано Гурев“ во правец на центарот на Ваташа. На самиот мост денеска се монтираа завршните банкини на десната страна од оградата.
Овој мост е од исклучителна важност, бидејќи се наоѓа на регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб, по кој се одвива интензивен патнички и товарен сообраќај.