Проектот за подигање на нивото на јавното улично осветлување што го реализира општината Кавадарци се одвива според утврдената динамика.
Ангажираната оператива денеска работеше на улицата „Љубашка“ каде беа поставени последните три ламби од вкупно предвидените четиринаесет ЛЕД ламби. Со ова се заокружи првата група на улици од предвидените 30 каде ќе се изврши замена на вкупно 352 ламби. Ламби се менуваа и на улицата „Димче Мирчев“, како и на улицата „Браќа Џунови“ од мостот „Слога“ до спојот со улицата „Браќа Хаџи-Тефови“.
Досега се интервенираше на улиците: „Ило Костов“, ул. „Максим Горки“, ул.„Браќа Хаџи-Тефови“, ул.„Слога“, како и на улиците околу Парк „Полана“ каде се замениа 74 ламби со ЛЕД технологија.
Проектот има за цел да ги подобри условите со јавното осветлување за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часовои, заштеда на електричната енергија, како и подигање на еколошките стандарди.
Во наредниот период општината преку истиот проект ќе интервенира и на други улици во градот.