Општината Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот проект МСИП, за ревитализација на главните улици, финансиран од Европската Унија и Светска банка.
Денеска ангажираната оператива започна со гребење на стариот и дотраен асфалт на најстарата улица во градот познатата „Црквинска улица“, „Мито Хаџи-Василев“. Со овој зафат општината ја подготвува улицата за асфалтирање со нов слој фин асфалт.
За време на изведувањето на работите на оваа улица се воведува нов времен режим на регулација на сообраќајот.
За таа цел се апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и новиот времен режим на движење, како би помогнале за поефикасно и поквалитетно завршување на работите.