Општината Кавадарци во рамките на проектот МСИП, за ревитализација на главниоте улици, денеска преку ангажираната оператива започна со гребење на стариот и дотраен асфалт на улицата „7-ми Септември“.
Ова е втора фаза од проектот заз обновување на коловозната површина на улицата, а се однесува за асфалтирање на потегот од Домот на културата до раскрсницата со улиците „Цано Поп-Ристов“, „Браќа Џунови“ и ул.„Блажо Алексов“ кај мостот.
За време на изведувањето на рзботите на оваа улица се воведува времен режим на регулација на сообраќајот.
За таа цел се апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и новиот времен режим на движење, како би помогнале за поефикаснио поквалитетно завршување на работите.