ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

            Општина Кавадарци  со нов проект го обновува градскиот парк. Во оваа фаза од работите се врши санирање на оштетувањата на постојните патеки, како и на оформување на нови патеки и содржини.

            Ангажираната оператива на фирмата „ТЕС инжинеринг“ од Скопје денеска ги прередуваше оштетувањата на дел од патеката под Спомен костурницата. Специјализираната екипа работници ги прередуваа гранитните коцки. Освен ова се врши и санација на оштетените и рушени делови од парапетните камени ѕидови. Суштински дел од овој капитален проект на општината е задржувањето на оргиналнот стил на градба, како и на материјалите, со што нема да се наруши автентичноста на градскиот парк „Љупчо Шкартов“.

            Проектот предвидува и изградба на  две нови пешачки патеки на второт ниво како продолжение на постојните, со што ќе се заокружи шеталиштето до костурницата и од западната страна  со панорама на градот. новите патеки ќе бидат со должина од 520 метри. Овој дел од реконструкцијата ќе се заокружи со изградба на нова јавна чешма која ќе го симболизира виното.

            За реализација на овој проект општината од буџетот че инвестира 1.151.359 денари.

            Претходно во склоп на кампањата за ревитализација на градскиот парк општината изврши целосно расчистување на површината на паркот, како и на добар дел од уништената хортикултура, при што се изврши нејзино целосно обновување со нови садници и трева.