Во Вински Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци беше промовиран проектот Мозаик инсталација како културна традиција и современо живеење!!
Здружението Dobredojde Macedonia Welcome Centre во соработка со Општина Кавадарци го реализира проектот во кој се вклучија повеќе засегнати страни ученици, студенти,граѓани кои учествуваа на заедничка изработка на мозаик со цел промоција на мозаикот како умртност и како занает.
Проектот е подржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Реализацијата на истиот е од страна на уметниците Симона Манчева и Соња и Димитар Самарџиеви.
30 m2 Мозаик е поставен во ЈОУ Локален Вински Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци. На настанот присуствуваше Амбасадорот на Швајцарија Sybille Suter Tejada , Градоначалникот Митко Јанчев и останати љубители на уметноста од Кавадарци.