Специјализираната екипа при ЈП „Комуналец“ со посатвувањето на белите линии од хоризонталната патна сигнализација го означи крајот на проектот за реконструкција и проширување на делница од улицата „Западен булевар“.
Претходно во саботата Општината Кавадарци преку ангажираната фирма изврши асфалтирање на целосно новата делница во должина од 1 километар во правец на Росоман. На терен работеа две машини асфалтерки и тоа паралелно со што работата која беше предвидено да трае два, целосно и квалитетно се заврши за еден ден.
Со овој зафат, северниот влез во Кавадарци се осовремени и продолжи од „Новата бензинска“ кон Росоман. Со проширувањето и реконструкција на оваа делница од „Западен булевар“ Кавадраци доби нова современа сообраќајница на влезот од северната страна, од и кон автопатот Е75 од коридорот 10 кон Грција и Србија.