ПРОШИРУВАЊЕ НА КОЛОВОЗОТ КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ МОСТИ НА  „7 СЕПТЕМВРИ“

ПРОШИРУВАЊЕ НА КОЛОВОЗОТ КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ МОСТИ НА „7 СЕПТЕМВРИ“

Активностите за реконструкција на улицата „7 септември“ се одвиваат непречено. Денеска ангажираната оператива работеше на проширувањето на дел од коловозната лента на кружниот тек  на мостот кај Јаворот. Се прошируваше спојот меѓу улиците „7 Септември“ и „Цано Поп-Ристов“, односно локацијата каде неодамна општината во еколошка акција пренесе две зимзелени дрва и ги засади во тревникот над кејот.

Со ова проширување ќе се обезбеди подобра прегледност, поголем проток и зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Loading