Оперативата на фирмата „Градба промет“, согласно програмата за комунална изградба работи на реализација не проект за проширување на тротоарот на дел од булеварот „Македонија“.
Се работи на локација со вкупна површина од 300м2 на странат од комплексот ресторани. На овој дел од улицата се оформува проширување за косо паркирање во должина од 60 метри. Воедно ќе се направи и нов тротоар со павер елементи.
На оваа локација пешаците ќе добиат побезбеден простор за движење, а ќе се ослободи коловозот од паркираните возила кои го забавуваа нормалното одвивање на сообраќајот.