Градоначалникот Митко Јанчев имаше работен состанок и со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на кој дадоа акцент на идните два капитални проекти кои се планирани да се реализираат во Општина Кавадарци и кои ќе бидат од огромно значење за сите граѓани. Реализација на проектот Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, а во меѓувреме се изготвува и проектот за Дом за стари лица.
На состанокот присуствуваше и директорката на ЈОУ ДГ ,,Рада Поцева’’ Кавадарци Цанка Добринова, која во оваа пригода и врачи плакета на министерката по повод јубилејот од 60 години постоење на Рада Поцева, за досегашната и идна соработка со Министерството за труд и социјална политика.