РЕВИТАЛИЗИРАН ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

РЕВИТАЛИЗИРАН ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Со завршните работи од реконструкцијата на делница од „Северен булевар“ се постави вториот слој „асфалт-бетон“ со дебелина од 6 сантиметри во должина од 450 метри со што овој потег од заобиколницата ќе биде со подобрени перформанси.

Проектот во вредност од 8.526.000 денари покрај асфалтирањето, опфати прво отстранување на стариот оштетен и дотраен асфалт на површина од 3.400м2, при што целосно беше извадена старата подлога.

Во правец на подобрување на носивоста, согласно повисоките применети стандарди на нејзино место се постави „гео композит“, како и нов слој дробен камен од 40 сантиметри како подлога на која се нанесоа два слоја асфалтна маса со вкупно 15 сантиметри.

Со овој проект носивоста  на подлогата на оваа делница е повеќекратно подобрена.

Во оваа фаза се ревитализира потегот од спојот на Северен со Западен булевар, па до спојот со булеварот „Никола Минчев“.

Реконструклцијата е проект на општината преку Вардарскиот плански регион, а во наредната фаза општината ќе пристапи кон ревитализација на преостанатиот дел од „Северен булевар“ преку проектот со Светска Банка за ревитализација на главните улици во Кавадарци.