Од проектот на Општина Кавадарци за ревитализација на Противпожарниот дом, останува само уште делот за хортикултурно уредување на стопанскиот двор.
Согласно овој значаен проект општината изврши целосна реконструкција на внатрешноста, како и на фасадата на зградата на Територијалната против пожарна едница Кавадарци. Се изгради современа гаража со пет дела каде се паркираат против пожарните возила,дворот е целосно урбанизиран и поплочен и бетониран, подигната е метална ограда, а поставено е и ново јавно осветлување околу и на самиот објект.
После извршените интервенции објектот и локацијата на против пожарниот дом се оформиа во современ урбанизиран простор, кој обезбедува оптимални услови за престој и работа на пожарникарите, како и за чување на опремата.
Општината како и општествено одговорните компании и невладини орган изации во изминатиот период за противпожарната служба донираа, оптема за пожарникарите, возила за различни интервенции, срдства за радио комуникација и други потреби за осовременување на ТПП единица.