Реконструкција на вертикалната патна сигнализација

Реконструкција на вертикалната патна сигнализација

Реализацијата на сообраќајниот проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација продолжува според утврдената динамика.
Денеска се спроведе монтажата на Полу порталните столбови-носачи на лантерните на раскрсницата на улицата „Илинденска“ со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Проектот предвидува овде да се постават три носачи и тоа два на улицата „Илинденска“ и еден на ул.„Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Претходно оперативата на изведувачот „Конструктор“ од Кочани, ги постави 4-те мали столбови за пешачките семафори. Во првата фаза беше извршена целосна реконструкција на подземната елекрична инсталација.
Полупортални столбови ќе бидат поставени и на преостаните две раскрсници предвидени за реконструкција на семафорите и тоа три кај „Старата автобуска“ и 2 столба на бул. „Моша Пијаде“ на раскрсницата кај ООУ „Гоце Делчев“.
Ова е прв сеопфатен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век.

Loading