Општината Кавадарци денеска започна со реализација на нов комунален проект. Ангажираната оператива на фирмата „ВОД-ВАР“ Инженеринг од Скопје работи на реконструкција на водоводна мрежа и линии на атмосферска канализација на улици во селото Сопот.
Станува збор за проект во износ од 16.914.631 денари, пари кои се наменети за подобрување на подземната инфраструктура во оваа интензивна рурална средина.
Овој значаен и сериозен комунален проект општината го реализира на барање на жителите од селото Сопот.