Во тек е реализација на проектот “Реконструкција на водоводна линија за краци на ул. Илинденска и крак на ул.Маршал Тито и асфалтирање” во с.Сопот, кој опфаќа замена на дотраените водоводни цевки со ПЕ црева.
После извршените реконструкции на подземните водови се предвидува прередување со бехатон коцки на дел од улиците, а на дел асфалтирање. Инвеститор на проектот е општина Кавадарци со добиени гранд средства за успешно реализиран проект финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за Финансии, поддржан од Светска банка. Проектот има за цел подобрување на квалитетот на животот на месното население.