Со средства од „КФВ“ банката во износ од 250 000 евра , од кои на потегот од „Кавадаречки дол“ до Градскиот базен се изврши реконструкција на главната водоводна линија од „средна зона“ на вкупна должина од 1330 метри. Интервенции се извршија и на главната линија кон „Дрекслермајер“ и Росоман. На овој потег освен на главната, се интервенираше и на секундарната мрежа каде на повеќе улици беа заменети старите цемент-азбесни цевки со нови еколошки на база метал и пластика. Општината реализираше и замена на дел од мрежата на фекалната канализација.
Овој капитален комунален проект значително го подобри водоснабдувањето, како и квалитетот на дистрибуираната санитарна вода до граѓаните. Воедно на минимум е сведена можноста од евентуални дефекти во мрежата. Целиот проект е со вкупна вредност од 850 000 евра.