Продолжува проектот МСИП, за ревитализација на главните улици во градот. Денеска Општина Кавадарци преку ангажираната оператива започна со гребење на стариот и дотраен асфалт на улицата „Страшо Пинџур“.
Ова е нова фаза од проектот за обновување на коловозот, а ја опофаќа делницата од спојот со улицата „Слога“ до Ваташката пошта. Ќе се ревитализира вкупна површина од 4.350 метри квадратни со поставување на нов завршен слој асфалт, а во реконструкцијата е опфатена и промена на старите рабници.
За време на градежните работите на оваа улица се воведува времен режим на одвивање на сообраќајот.
Општината Кавадарци апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и новиот времен режим на движење, како би помогнале за ефикасно и квалитетно завршување на работите.