Деновиве интензивно се работи на реконструкција на фасадите на станбените згради во Урбаните заедници Ќиро Крстев и Страшо Пинџур.
Фарбани и санирани се оштетените делови на зградите на улиците Ленинова, и Иво Андриќ. Во тек е реконструкција на зградата на ул. 7 Септември бр. 64, по што следуваат и останатите. А, потоа ќе се продолжи со реконструкција на фасадите и на зградите на улицата Блажо Алексов.
Изведувач е фирмата Автоматско технолошки системи ДООЕЛ Скопје, а целата инвестиција е во вредност од 5.787.428 денари.