Комуналната изградба се одвива со несмален интензитет. Општината работи на реализација на проектот на тротоарот на улицата „7 Септември“. Се реконструира потегот од „Музеј-Галерија Кавадарци“ до салата „Партизан“.
Според проектот, на овој дел се врши поплочување на тротоар од павер елементи на површина од 900м2, а на делот до коловозот постојниот тротоар се пренамени во паркинг со корисна површина од 1.000 квадратни метри, каде ќе се изведе асфалтиран паркинг со нивото на улицата.
Претходно се отстраниа дотраените и оштетени плочи од тротоарот и се подготви подлогата, се ископа ров за нова подземна инсталација за јавното улично осветлување и за операторот „Телеком“, а се санираа и испакнатите корени на дрворедот.
Со овој зафат општината ќе санира еден од најкористените тротоари во градот кој води од центарот кон градскиот парк „Љупчо Шкартов“.
Целта е да се уреди овој простор и да биде многу побезбеден како за пешаците, така и за одвивање на сообраќајот.